Вести Македонија Топ вести

(Видео) Расправа меѓу министерот Тошковски и Салиу кој вчера беше приведен

Вербалната расправија и размена на обвинувања имаше денеска меѓу техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски и новинарот и уредник на Порталикс, Фуркан Салиу, кој вчера беше приведен за време на фудбалски натпревар меѓу клубовите „БВК Коњаре“ и „Куманово“.

Тошковски вели има докази за тоа дека Салиу нападнал, или во најмала рака спречил полицаец да ја врши својата работа.

Салиу тврди дека не се случило такво нешто.

Имаше и несогласувања околу пронајдениот пиштол во багажникот на автомобилот на Салиу, за кој тој имал дозвола.

Дали полицијата исправно постапила, според заменик министерот за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ќе покаже внатрешната контрола.

Внатрешна контрола е вклучена во самиот тек. Што точно се случувало, на кој начин е уапсен, дали имало потреба и за сето тоа што е преземено, мој коментар ќе дадам по завршување на извештајот од внатрешна контрола, рече Бојмацалиев.

Салиу беше приведен на дваесетина минути пред крајот на натпреварот кога дошло до обид за тепачка меѓу домашните и гостинските навивачи.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе