Вести Свет Топ вести

Српското МВР сè уште трага по телото на малата Данка Илиќ

Интензивната работа за пронаоѓање на телото на малата Данка Илиќ продолжува.. Направени се претресите на одредени лоцирани во согласност со досегашните информации и оперативните сознанија на оние места каде што осомничените кажале дека го фрлиле телото, но за сега нема резултат, соопшти Државниот Секретарот во српското МВР Жељко Бркиќ… Според него сега е во тек претресот на коритото на реката Злотка..

„Теренот е многу тежок и непристапен, Лазаревото корито и Лазаревата пештера се предмет на понатамошна потрага.. Ангажирани се многу полицајци од различни специјалности со различна опрема и технички средства и се вложуваат максимални напори“, рече тој пред српските медиуми.

Осврнувајќи се на тоа што осомничените кријат каде го преместиле телото, Бркиќ  одговори дека тоа зборува за структурата на нивните личности, недостаток на емпатија и лишување од сите човечки чувства.. Додека едниот детално опишал како го убил девојчето, другиот одлучил да се брани со молчење..

Малата Данка Илиќ беше пријавена за исчезната на 26 март ,по неа се трагаше 10 дена во Србија и Австрија а интерпол во меѓувреме распиша и жолта потерница. Веста за нејзиното убиство ја објави претседателот Александар Вучиќ во четвртокот за што српското МВР најпрво две осомничени лица кои го признале делото, а подоцна приведе и брат на еден од нив кој почина.

Почина братот на убиецот на малата Данка

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе