Најважни Свет

Почина братот на убиецот на малата Данка

Вчера заврши во притвор како соучесник во прикривање на убиството на малата Данка, денес почина во полициската станица. Кај 40- годишниот брат на човекот кој го призна убиството ,лекарите контатирале природна смрт, но вишото јавно обвинителство во Заечар издало наредба да се изврши обдукција на телото.

Се започнало кога му се слошило во раните утрински часови. Иако имало брза реакција од полицијата и лекарите, кои се обиделе да го реанимираат , тој починал рано утринава.

Освен  братот на убиецот кој почина, од синока е затворен неговиот татко за кој се сомничи дека помогнал да се префрли телото од депонијата на непозната локација.

Потрагата продолжува интензивно. Српската полиција детално ја пребарува Лазаревата пештера и кањонот кај селото Злот, како и просторот покрај злотската река. Повеке од 10тина припадници на МВР истражуваат повеке локации околу Бор со надеж да се најде телото на малото девојче, пренесоа српските медиуми.

Припадниците на МВР ќе извршат опсежен претрес на територијата на градот Бор со цел да го пронајдат телото на девојчето и да ги утврдат сите околности под кои таа починала“, соопшти МВР на Р.Србија.

 Српскиот претседател пак истакна дека ке даде предлог до Владата да се воведе смртна казна за најтешките кривични дела.

Изминатите денови детално беа пребарани дворовите на соседите и околните бунари.  Се трагаше и на местата од каде потекнуваат осомничените и фармата на дедото на еден од нив. Детално беше пребарана и депонијата на стариот пат за Бањско.

Началникот на управата за криминалистичка полиција вчера истакна дека од осомничените нема нови информации, ја раскажале истата приказна како всушност се случило убиството. Едниот од нив тврди дека не се секава каде го префрлиле телото од депонијата, а другиот се брани со молчење.

Граѓаните на Бор и Бањско поле се уште тагуваат по загубата на малото девојче. Тие оддаваат почит кон неа палејки свеки, оставајки цвекиња и упатуваат големо сочуство до семејството Илиќ.

Марија Коцева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе