Вести Македонија Топ вести

Димитриевски на 15 април прво на распит, па на митинзи – обвинителството постапува по нова кривична за „неизвршување на судска одлука“

Претседателската кампања и претставувањето пред граѓаните, Максим Димитриевски на 15 април ќе ги почне подоцна. Прво ќе мора да се појави пред обвинителите од неговата обвинителска област и да им ги претстави своите мислења за кривичната пријава против него. Во среде кампања, кандидатот за претседател, Максим Димитриевски, се пожали дека притисоците кои ги трпи се интензивираат.

„Притисоците не престануваат туку, како и што очекував, се интензивираат. Ваквите постапки не ме обесхрабруваат, туку дополнително ме мотивираат да го демонтираме овој режимски систем. Ќе има и правда, а ќе има и мир. Непристрасните професионалци ќе добијат шанса да изградат и правен и функционален државен систем“, напиша Димитриевски на својот Фејсбук профил.

Обвинителите не заборавиле да го потсетат Димитриевски дека ако се занесе со кампањата и ја изуми обврската, полицијата ќе го најде и ќе им го донесе за да даде исказ. Тој добил покана да се јави во Обвинителство на 15-ти месецов поради пријава дека не извршил судска одлука.

Од обвинителството информираат дека пријавата му е поднесена од физичко лице кое одлучило со градоначалникот правда да тера на суд, бидејќи тој имал судска одлука од друг суд, но градоначалникот Димитриевски од засега непознати причини за јавноста не ги извршил укажувањата на судот.

На два дена од почетокот на кампањата, на Димитриевски почна да му се суди за злоупотреба на службената положба во основниот Кривичен суд во Скопје.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе