Вести Македонија Топ вести

Бавни процеси наместо брзи и итни постапки – роковите за изборни приговори до ДКСК не се почитуваат

Доколку како граѓанин поднесете приговор за изборни нерегуларности на државните или локалните институции, вашиот приговор, Антикорупциската комисија може да ги разгледува и по завршување на изборите. Оваа нефункционалност на антикорупциското изборно законодавство се повторува со години, бидејќи ситници во законите овозможуваат ДКСК да не ги разгледува приговорите на граѓаните или оштетените во предмети поврзани со користење на јавни финансии во изборни цели.

ДКСК во одговор до Телма потврди дека досега работи само еден случај во итна постапка која треба да заврши во рок од пет дена. Станува збор за приговорот на кандидатката Силјановска за Академијата за судии и обвинители. Останатите 26 постапки отворени до 2 април ги тера по редовна постапка во кои рокот за одговор на пријавената институција е 15 дена.

„За вкупно 26 оформени предмети отпочната е постапка за утврдување на фактичка состојба согласно член 22 и 23 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, а одлуките по истите ќе се донесат во законски предвидените рокови“, одговорија од ДИК.

Од друга страна изборниот законик предвидува дека во постапки со злоупотреба на јавни финансии, без наведен подносител, рокот за одлука на ДКСК е максимум пет дена. Со законот за спречување на корупција, пак, е предвидено предмети за итна постапка да се формираат по сопствена иницијатива или по приговор од организатор на изборна кампања или акредитирани набљудувачи. Така граѓаните кои сметаат дека или лично или од јавен интерес се оштетени со одлуки кои користат пари од државни фондови, по одлука на ДКСК да применува еден закон, се ставени во втор план и оставени да чекаат редовни рокови кои се подолги од изборниот процес сосе кампања.

Во итна постапка одат само приговори од организатори на изборна кампања, иако според Изборниот законик сите имаат такво право. Дополнително и трите предмети отворени по сопствена иницијатива на ДКСК, набавките на хеликоптери и амбулантни возила и хонорарните вработувања во МКЦ, не се водени по итна постапка, иако треба според законот за спречување корупција. Исто така Антикорупциска комисија не одржа досега ниту една редовна ниту изборна  седница за да расправа предмети и воопшто не е расправано ниту за институциите кои не ја известиле ДКСК за службени возила во нивна сопственост за да не се злоупотребуваат во кампањата.

Непостапувањето на ДКСК во рокот од пет дена за изборни приговори повлекува и глоба од 1.000 до 2.000 евра за претседателот и за сите членови согласно Изборниот законик, кој според актуелните толкувања за оваа тема, ја губи битката со Законот за спречување на корупцијата.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе