Вести Свет Топ вести

Бугари, Романци, Срби, Албанци и Украинци меѓу главните во шверцот на луѓе во ЕУ – извештај на Европол

Бугарите, Романците, Србите и Украинците се главни учесници во најопасните криминални мрежи за трговија со луѓе во Европската Унија (ЕУ), со цел трудова и сексуална експлоатација, покажуваат податоците во извештајот на Европол, претставен денеска.

Во документот се забележува дека во ЕУ дејствуваат 821 опасна криминална мрежа, поврзани со трговија со наркотици, цигари, трговија со луѓе и изнуда.

„Најчесто учесниците во оваа организација доаѓаат од Западен Балкан, главно од Албанија, но и од Турција и Мароко“, истакна на прес-конференцијата белгиската министерка за внатрешни работи Анелис Верлинден.

Според неа, пазарот на дрога е еден од главните извори на насилство во ЕУ и на приход за организираниот криминал.

„Перењето пари и корупцијата се закана за владеењето на правото и основните слободи“, додаде таа.

Според европскиот комесар за правда, Диди Рејндерс, овие криминални групи имаат тенденција да ги заплашуваат и поткупуваат судиите и министрите, кои служат во обвинителството на УК.

„Внатрешната безбедност на ЕУ е загрозена од активностите на оваа група со 25.000 припадници од 112 националности, од кои половина се поврзани со трговија со дрога“, изјави директорката на Европол, Кетрин де Бол.

Според неа, 86 отсто од криминалните организации имаат и легитимен бизнис, најчесто во градежништвото и хотелиерството и на тој начин се перат пари.

Де Бол додаде дека документот презентиран денеска е „најдлабоката истрага за досегот на европските криминални мрежи“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе