Вести Свет Топ вести

Шпанија ќе ја признае Палестина пред почетокот на летото – најава од премиерот Санчез

Шпанската Влада ќе ја признае Палестина како независна држава пред почетокот на летото, соопшти премиеро Педро Санчез. Тој, сепак, нагласи дека ќе се обрати внимание и на одлуките кои ќе бидат донесени во Брисел и во САД, особено земјаќи ги предвид изборите за Белата куќа во ноември.

Санчез од вчера е турнеја по Блискиот исток. Синоќа пристигна во Јордан, по што ќе ги посети и Катар и Саудиска Арабија, во обид да влијае врз клучните актери во регионот за постигнување на одржливо решение за Газа.

Лидерите на Шпанија, на Малта, на Словенија и на Ирска претходно одобрија заедничка Декларација во која искажаа подготвеност да ја признаат Палестина, кога „таквиот потег може да даде позитивен придонес и кога околностите ќе одговараат“.

Шпанија го промовираше признавањето како „коалиција на доброволци“ поради острото противење на Германија и на Австрија, како и недостигот на поддршка од Италија и Франција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе