Вести Македонија

Оформени се вкупно 23 предмети од денот на распишување на изборите до денеска – Димитровска од ДКСК во „Топ тема“

Почнувајќи од денот на распишување на изборите, до денеска, оформени се вкупно 23 предмети од кои три ги оформивме по сопствена иницијатива, истакна Татјана Димитровска, претседателка на Државната комисија за спречување на коруцпија (ДКСК), во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Тие три предмети се добро познати на јавноста кои се однесуваат на набавката на хеликоптерите од министерството за одбрана, набавка на медицинските возила преку министерството за здравство и постапката за ангажирање на хонорарците во Младинскиот културен центар. Останатите предмети се оформени по претставки. За сите е отпочната постапка за достава на барање за потребна документација. Рокот тече, рокот на доставување на овие податоци, согласно законот за спречување на корупција и судир на интереси, е 15 дена“, изјави Димитровска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Украинците објавија снимка од апсење на руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Најмалку 18 загинати лица, затворен граничeн премин, прекинат протокот на хуманитарна помош – Израел влезе во Рафа

Дејан Дејан

Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе