Вести Свет Топ вести

Советот за безбедност на ОН денеска одлучува за американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за нацрт-резолуцијата на САД со која се бара итен прекин на огнот во Газа и договор за заложници меѓу Израел и Хамас.

Со тоа, САД ќе го зголемат притисокот врз Израел, со цел да дозволат поголема хуманитарна помош и подобро да ги заштитат цивилите во Појасот Газа, кои секојдневно се бомбардирани.

Портпаролот на американската мисија во ОН, Нејт Еванс, рече дека резолуцијата е резултат на многу рунди консултации со претставниците на земјите-членки на Советот.

Резолуцијата означува заострување на ставот на Вашингтон кон Израел.

Американците во минатото не сакаа да повикаат на прекин на огнот и ставија вето на мерките што вклучуваа повици за итен прекин на огнот.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изминативе денови имаше средби со министрите за надворешни работи на Египет, Саудиска Арабија, Катар и Јордан. Блинкен лобира на Блискиот Исток токму за тоа што денеска ќе биде на дневен ред на Советот за безбедност на ОН.

Ние всушност имаме резолуција што ја претставивме токму сега пред Советот за безбедност на Обединетите нации, која повикува на итен прекин на огнот поврзан со ослободувањето на заложниците и се надеваме дека земјите ќе го поддржат тоа, изјави во средата Блинкен во Саудиска Арабија.

Повеќе од една третина од демократите во Сенатот ја повикаа администрацијата на Бајден да преземе храбри чекори кон воспоставување палестинска држава во најновиот притисок против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе