Вести Свет Топ вести

(Видео) Рама грубо оттурна ТВ новинарка и замина од прес-конференција

Премиерот Еди Рама грубо оттурна албанската ТВ новинарка, Амброзија Мета која му поставуваше прашања во врска со финансирањето на новото пристаниште Драч. Како што се гледа на снимката на социјалните мрежи, Рама ја фати новинарката за лице и грубо ја оттурна од себе, по што ги стави рацете во џебови и се оддалечи.

Албанските медиуми објавија дека новинарката му рекла на Рама „не ме допирајте повеќе“. За Сири ТВ, таа го прашуваше премиерот во врска со договорот за новото пристаниште Драч и праксата на инвеститорите да им се отпишуваат трошоците за земјиште и данок.

„Ве молам, наведете колку заработуваат Албанците“, запраша новинарката на што Рама одговори „од се што правиме, Албанците победуваат во овој процес. Тие ќе победат во процесот. Промоцијата на вакви развои, реализацијата на овие развои, ги збогатува Албанците, Албанија и ја зајакнува нејзината економија. Незнаењето нема аргумент“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Претседателот на Управниот суд Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Против сум избрзани решенија, мора да имаме јасна стратегија и концепот каков Судски совет сакаме да имаме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе