Вести Македонија Топ вести

Истекува рокот за увид во Избирачкиот список- за гласање во странство се пријавиле само 1.547 лица

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список како и за пријавување на гласачите во дијаспората, но заклучно со петокот, за гласање во странство се пријавиле само 1.547 лица.

Од Обединетата македонска дијаспора вчера се пожалија на социјалните мрежи дека линкот за пријавување не функционира и покажува дека пријавувањето е завршено на 11-ти март. Обвинија за кршење на уставот и Изборниот законик од страна на ДИК и побараа проблемот да биде отстранет, како и да се продолжи рокот за регистрација. Линкот денеска функционира.

Што се однесува на Избирачкиот список, преку електронски пат, според последните податоци се провериле 22.122 граѓани. Поднесени се 25 барања за промена на податоци, шест барања за бришење на податоци и 10 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе