Вести Македонија Топ вести

ФОТО: Бугарска Тесла запленета од Царината, 22 возила на македонски државјани со странски таблички одземени поради пречекорување на законски рок за престој

Бела „Тесла“, електричен автомобил редок на македонските патишта е паркиран на царинскиот простор за одземени возила. „Теслата“ има бугарски таблички, македонски државјанин е сопственик, но била одземена заедно со уште 21 возило поради пречекорување на рокот за употреба на странско возило во државата, соопшти Царината.

Од Царината, телефонски за Телма одговорија дека возилата имаат бугарски, швајцарски и словенечки таблички. Најмногу, се бугарски како и „теслата“. Меѓу одземени возила има 4 мерцедеси, три ауди, две БМВ-а.

Царината се повикува на законски надлежности произлезени од Истанбулската конвенција за привремен увоз и од царинскиот закон според кој „граѓаните на РСМ и странците можат привремено да внесат и да управуваат возило на територијата на Република Северна Македонија за време на нивниот престој, но, најмногу 6 месеци во период од 12 месеци, по што возилото мора да ја напушти територијата на Република Северна Македонија.“

Во спротивно, треба на најблиска царинска испостава да се започне постапка за увоз, наведуваат од Царината во своето соопштение.

Целосниот текст на соопштението:  

ЗАПЛЕНЕТИ 22 АВТОМОБИЛИ ПРИ ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА НА ЦАРИНА И МВР

Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и истраги при Царинска управа и Министерството за внатрешни работи запленети се 22 патнички моторни возила со странски регистарски таблици управувани од македонски државјани.

Запленетите возила се од различни марки, а меѓу нив, четири ПМВ се марка МЕРЦЕДЕС, три ПМВ се марка АУДИ, две ПМВ се марка БМВ, едно патничко товарно возило е марка ТЕСЛА и др., а сите возила биле управувани од македонски државјани на територија на Република Северна Македонија повеќе од 6 месеци.

Против сторителите на прекршоците ќе биде поднесено Барање за поведување прекршочна постапката до надлежниот суд.

Имено, во согласност со законските надлежности на Царинската управа, кои се во согласност со критериумите и условите пропишани во Истанбулската конвенција за привремен увоз, одредби од Царинскиот закон и одредби од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон, граѓаните на РСМ и странците можат привремено да внесат и да управуваат возило на територијата на Република Северна Македонија за време на нивниот престој, но, најмногу 6 месеци во период од 12 месеци, по што возилото мора да ја напушти територијата на Република Северна Македонија.

Во спротивно ќе треба да се пријават на најблиската царинска испостава во местото каде привремено престојуваат и да започнат соодветна царинска постапка за увоз или привремен увоз на возилото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе