Вести Македонија Топ вести

Во Тетово посебен сообраќаен режим поради одбележување на Денот на НАТО

СВР Тетово соопшти дека денеска, од 9 до 17 часот во градот ќе има посебен сообраќаен режим поради одбележување на Денот на НАТО и четири години полноправно членство на Република Северна Македонија во Алијансата. На градскиот плоштад во Тетово ќе биде организиран настан во организација на Министерството за одбрана.

По повод 17 март Денот на НАТО и четири години полноправно членство на Република Северна Македонија во оваа организација, на Градскиот плоштад во Тетово ќе се одржи техничко-тактички збор, чиј носител е Министерството за одбрана. Со цел непречено и безбедно да се одвива техничко-тактичкиот збор и сообраќајот во централното градско подрачје, СВР Тетово од 9 до 17 часот ќе воведе посебен сообраќаен режим. Одвивањето на сообраќајот на овие улици ќе го регулираат полициски службеници, а до возачите се апелира целосно да ги почитуваат нивните наредби и насоки и да имаат трпение и разбирање за измените на сообраќајниот режим, информираат од СВР Тетово.

Во овој период ќе биде дозволено движење на возилата по улица „Илинденска“ до кружниот тек со улица „Маршал Тито“, по улицата „Тодор Циповски-Мерџан“ до крстосницата со улицата „Страшо Пинџур“, по улицата „Страшо Пинџур“ до крстосницата со улицата „Никола Тесла“ и по улицата „Маршал Тито“ до крстосницата со улицата „Јане Сандански“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе