Вести Македонија

Тетовчанец сака да го откупи просторот, тетовската болница го претрка и му изгради улица пред дуќаните

Клиничката болница Тетово врши уредување на просторот покрај булеварот Благоја Тоска и реката Пена, со поставување ограда и асфалтирање, но активностите се одвиваат и на земјиште, за кое жител на Тетово, пред една година, до Општината поднел барање за дооформување на парцела, на која сака да гради, а болницата истото го бара за сообраќајно решение.

Сопственик е соседни парцели покрај булеварот, па своето право го бара преку правен пат и тврди дека сега има судска времена забрана за било какви дејствија од страна на болницата. Ни приложи документ, односно решение од Основниот суд Тетово.

Ние имаме една судска одлука која е донесена на 5.3. за времена мерка да застанат сите градежни работи. Во меѓувреме Клиничката болница продолжи да гради бесправно. И овој ѕид и бесправно гледате дека асфалтира спротивно одлуката донесена на 5 март. Пријавивме и во полиција, изјави Хасани.

Сопственикот на парцела, пак, каде има куќа, се пожали дека изградениот ѕид е многу висок и му го затвора влезот на продавниците.

Дуќаните ми се затворени. Немам пристап кон дуќаните. Можете да ја видите фактичката состојба каква, да снимате, да кажете. Не е реално ни димензии, ни висина, ни рече тој.

За новонастанатата ситуација Телма се обрати до Општина Тетово, од каде до затворањето на прилогот не добивме одговор, додека од Клиничката болница ни одговорија дека ќе не побара директорот, но и од него досега не добивме повик.

Во јануари поранешниот директор на болницата свика прес конференција на која рече дека земјиштето не треба да се приватизира, туку да биде во интерес на сите граѓани. Да се постави ограда и да се направи паркинг, а понатаму и да се поврзе болницата со булеварот.

Следниот ден советниците изгласаа укинување на постоечкиот детален урбанистички план, додека во изјава за КОД, претседателот на Советот рече дека ќе се иницира изготвување на нов ДУП, кој ќе биде во интерес на сите граѓани, во кој ќе се предвидат сите можни плански решенија согласно правилникот за урбанистичко планирање.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе