Вести Македонија Топ вести

Прилепчанка се заканувала дека ќе запали угостителски објект

Прилепчанка синоќа била лишена од слобода затоа што се заканувала дека ќе запали угостителски објект, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Околу 22 часот во ОВР Прилеп, прилепчанецот Т.К., на возраст од 61 година, пријавил дека околу 21.30 часот, во неговиот угостителски објект влегла К.И. и со шише наполнето со запалива течност, прскала по подот и се заканувала оти ќе го запали објектот, појаснуваат од МВР.

Во 22.10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода 32-годишната прилепчанка, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ.

К.И. била приведена во полициска станица Прилеп. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе