Вести Македонија Топ вести

Опозицијата напаѓа за корупција, Петровска се брани – хеликоптерите ќе летаат за 230 милиони евра и се чисти како солза

Набавката на осум воени транспортни хеликоптери за македонската Армија од италијанскиот производител „Леонардо“ продолжува да биде тема на препукување меѓу опозицијата и власта. Договорот за хеликоптерите вреден 230 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ и денеска, преку партиско соопштение, го оспори, со барање процедурата за набавка да биде запрена.

Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период, за тоа треба да одлучува идната влада, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорот до опозицијата стигна лично од министерската за одбрана, Славјанка Петровска.

Петровска во одговорот се надоврза и на изјавата на потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ од петокот, Александар Николовски, за тоа како наместо на хеликоптери за армијата би можеле да бидат потрошени 250 милиони евра.

За ВМРО-ДПМНЕ освен начинот и времето на набавката, спорно е и што се набавуваат транспортни, а не борбени хеликоптери, со тврдење дека со тоа се намалува борбената моќ на армијата.

Осумте хеликоптери кои на Македонија треба да и бидат испорачани од 2026 до 2028 година, се транспортни и наменети се за пренесување на специјални единици во мисии, но и за извидување, спасувачки мисии, гасење на пожари. Тие треба да ја заменат старата флота од шест хеликоптери на македонската армија, Ми-7 и Ми-18, стари повеќе од 20 години.

Договорот за набавката на хеликоптерите, според информациите од министерството за одбрана, треба да биде потпишан деновиве со владата на Италија, пришто првата рата од 230 милиони евра, во висина од 16 проценти, треба да бидат исплатена годинава.

Договорот, освен осумте хеликоптери, предвидува меѓу другото и комплет резервни делови, специјален алат, тренажер и изградба на модерен инфраструктурен објект и комплетна обука на летачкиот и техничкиот персонал.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе