Вести Македонија Топ вести

За една недела 43 нови случаи на голема кашлица – уште пет деца завршија во болнички кревет

43 нови случаи на голема кашлица се регистрирани во периодот од 8 до 14 март, што е за 14 проценти намалување во однос на претходната седмица, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Повторно најголем број од случаите се пријавени во Скопје – 39, каде од 8 февруари е прогласена епидемија. Останатите се во Тетово, каде има 2 заразени лица и по едно во Гостивар и Битола.

Возраста на заболените е од 0 до 40 години, а најмногубројни се децата од 10 до 14 години.

Од новите заразени со голема кашлица, 5 се хоспитализирани и тоа 4 деца помали од една година и едно дете во возрасната група од 1 до 4 години.

Заклучно со 14 март во државаат се регистрирани 216 случаи на голема кашлица. Од нив 88 проценти или 190 заболени живеат во Скопје, а останатите се од 14 различни општини во државата.

Од вкупниот број на регистрирани случаи (216), 122 случаи (односно 5,05%) не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од заболените, регистрирани се 36 лица со хоспитализација (16,7%) и тоа 31 (86,1%) од нив на возраст до 4 години., се наведува во извештајот на ИЈЗ.

 Надлежните од почетокот на годинава вршат интензивно пребарување на невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица. Бројките покажуваат дека 50 проценти од децата во скопските градинки се невакцинирани, додека во градинките во  останатите градови има покриеност со имунизација над 95 проценти.

ДСЗИ неделава изврши стотина вонредни инспекциски надзори низ градинки во кои при што било констатирано дека се почитува решението за забрана за прием на невакцинирани или делумно вакцинирани деца.

По препорака на Комисијата за заразни болести, министерот за здравство ја потпиша одлуката од понеделник, 18 март, децата со примени три дози ДиТеПер вакцини да одат во градинка, но под  услов да се ревакцинираат во наредните шест месеци.

Во меѓувреме пристигна вакцината и за возрасните, која не е задолжителна, но се препорачува за лицата кои имаат мали деца и за оние кои работат со нив.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе