Вести Свет Топ вести

Втор ден од претседателските избори во Русија

Вториот ден гласање на претседателските избори во Русија продолжи денеска, откако вчера имаше бројни попречувања поради кои 8 лица завршија во притвор. Не обраќајки внимание на реакциите на западните земји зошто се гласа и во окупираните украински региони, Русите денеска продолжија да го остваруваат своето „граѓанско право“. Територијата која се простира на 11 часовни зони претставува одреден предизвик за организирањето избори, но мора да се гласа и во најзафрлените места на Русија.

Иднината на Русија се одлучува во овие мартовски денови. Секој жител, почнувајќи од одгледувачите на ирваси, треба да гласа. Затоа доаѓаме од далечната тундра да го направиме нашиот избор. Гласот на секое лице во нашата голема држава, од исток до запад, е важен. Добро е што сега на сите им е тоа јасно и само малкумина се воздржуваат од правењето избор, вели Роман Турпин, одгледувач на ирваси.

Се гласа и надвор од границите на Русија. Во близина на естонската граница, руските власти отворија гласачко место во автобус, и уште едно место рускиот град Ивангород, кој граничи со естонскиот Нарва.

Повеќето од луѓето кои живеат во нашата област се Руси. Сите со кои разговарав рекоа дека ќе гласаат. Невозможно е да ги запрете луѓето, вели Александар олејников, руски државјанин кој живее во естонија.

Покрај тоа уште едно гласачко место има и во руската амбасада во талин.

Немаме утврдена листа на гласачи, затоа што не знаеме кој ќе дојде. Даваме гласачко ливче откако ќе ни покажат пасош за патување во странство или лична карта, вели претседателот на локалната изборна комисија сергеј осијев.

Уште едно гласачко место го привлече вниманието. Во градот Владимир, на околу 100 километри источно од Москва, граѓаните гласаат во училиште кое од неодамна го носи името на Роман Кутузов, руски генерал кој загина во војната во Украина.

Училиштето кое го посетуваше нашиот херој и гласачкото место се една целина, ова не се први избори кои се одржуваат овде. Затоа мислам дека ова е исправно, вели сергеј лвов, жител на владимир.

Во руската престолнина денеска гласаше и еден од само тројцата противкандидати на Путин, на кој му беше дозволено да се кандидира на изборите. Леонид Слутски од Либерал демократската партија не претставува никаков предизвик за Путин, а неговото име стои на гласачкото ливче за Кремљ да покаже дека Русите имаат избор.

Развојот на настаните ќе ја одлучи судбината на Русија, рускиот свет и руската цивилизација. Тие настани се светата и чесна воена операција, која се надеваме дека ќе заврши до крајот на годината. Ќе направиме сѐ возможно и невозможно за да тоа, изјави слутски по гласањето.

Гласањето продолжи и во четирите анектирани украински области, а Киев обвинува дека тамошните жители се присилуваат да гласаат на изборите.

Вчера украинскиот Парламент го повика целиот демократски свет да го прогласи за нелегитимни изборите во Русија, како прво затоа што се одржуваат и во привремено окупираните територии во Украина, но и затоа што е апсолутно очигледно дека не постои демократија во Русија и Путин ќе биде реизбран исто како и сите претходни пати, бидејќи е диктатор, вели украинската пратеничка кира рудик.

Во текот на првиот ден беа забележани повеќе инциденти за попречување на гласањето и искажување протест поради ситуацијата со војната во Украина. Од истурање боја во гласачките кутии, до нивно потпалување и фрлање молотови коктели врз гласачките места, неколкумина Руси одлучија на таков начин да го остварат своето право на глас.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитровска: Оформени се 45 предмети во врска на изборите од денот на нивно распишување

Дејан Дејан

Едниот за спас на изборите, другиот за мнозинство во Собранието – Ковачевски и Мицкоски бараат масовен одзив на изборите

Дејан Дејан

Агим Красниќи, брат му и уште двајца од кондовската група на меѓународна потерница – МВР доби известување од косовската полиција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе