Вести Македонија

Ратраците ја оштетуваат природата на Шар Планина

Движењето на ратраци надвор од дозволените патишта прави трајни оштетувања на природата на Шар Планина, алармираат од Јавната установа која раководи со Националниот парк. На дневна основа се присутни и до десетина вакви возила кои пренесуваат туристи, а штетите се повидливи со топењето на снегот, поради што донесена е одлука со која се забранува движење со моторни возила надвор од дозволените патишта, потенцираат од Одделението за заштита на природа.

Сликата е кал на сите страни. Уништени висококвалитетни планински пасишта. Уништени смреки, боровинки, места од кои што локалците собираат шумски производи. И еден нагрден пејзаж, обвини анела ставревска панајотова , раководителката на одделението за заштита на природата јунпшп.

За состојбата е запознаено ресорното Министерство, како и Државниот инспекторат за животна средина, кој направил увид и обиколка на теренот. Одржани се состаноци и со операторите, според договореното дејноста да се одвива во услови на снежна покривка, но тоа не се почитува, велат од Националниот парк.

Изминатава година направивме многу обиди да ја регулираме дејноста со еден Правилник во кој ќе се постави барем минимална висина на снежна покривка, но тоа не се почитува. Очигледно, бидејќи евидентни се штетите на терен. За идниот бизнис навистина топло би препорачала да го редизајнираат и да го претворат во повеќе еко туризам, значи турно скијање, сноу шуинг, планинарење, рече ставревска панајотова.

Тур операторите велат дека се затечени со ваквата одлука, затоа што веќе имаат резервации и дека поради лошата сезона единствениот економски бенефит ски центарот го има од „слободно скијање“. Велат дека невозможно е да продолжат со оваа дејност под услов да возат со ратраците само на дадената патна мрежа.

Тоа што сме затачени во една ситуација, во којашто без да биде повторно нашата стрна погледната и ислушана. Конечно имавме врнежи последните недели, се оосвежисезоната, можевме да работиме. Имаме букирано тури, луѓето имаат резервирано авионски летови. Пристигнати се веќе во Македонија, треба да се сервисираат, вели методи чилиманов од „Shar outdoor“.

Според мапата на Установата за движење со моторни возила околу скијачкиот центар Попова Шапка има само два постоечки регистрирани патишта.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе