Вести Македонија Топ вести

Партиите со нови напади на опонентите во предизборието

Лошата комуникација меѓу САД и ЕУ со премиерот на Косово, Албин Курти, не претставува проблем за опозициската коалиција на партиите на Албанците во Македонија „Вреди“. Од таму критиката на заменик-помошник државниот секретар на САД, Габриел Ескобар, за проблематичната комуникација на косовскиот премиер со меѓународните партнери, ја толкуваат како прашање за Косово, а не за Македонија, иако токму Кутри е клучен партнер на „Вреди“, на чии избирачки листи ќе се најдат и имиња на привраници на партијата на Кутри „Самоопределување“во Македонија.

Од „Влен“ денеска во контекст на претстојните избори упатија критика за бројот на странски набљудувачи кои ќе ги мониторираат двојните избори во земјава, директно овинувајќи го. Според нив 300 краткорични набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР на деновите на гласање на 24 април и 8 мај е показател дека постои реален потенцијал за нерегуларности во изборниот процес, што, според коалицијата, зборува лошо за демократските стандарди на Македонија. Притоа тие директно го обвинија, Бујар Османи, кој беше претседавач со ОБСЕ, дека директно влијаел на ваквиот пристап на ОБСЕ кон државата, како земја со кревка демократија.

ОБСЕ/ОДИХР пак во понедленикот го објави своојот прелиминарен извештај за претстојните избори во земјава во кој клучна забелешка стави на неспроведувањето на нивните препораки од претходните изборни циклуси, пред се недостигот од суштинска реформа на Изборниот законик. Инаку ОДИХР парламентарните избори во 2021 година ги мониторираше со 250 краткорочни набљудувачи, а парламентарните во 2016 со 300.

Но освен албанската опозиција денешниот ден го искористија и од ВМРО-ДПМНЕ за напад на нивните партиски опоненти, односно на кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски.

Пендаровски наместо да се однесува како претседател се однесуваше како курир на Заев, а потоа и на Ковачевски. Па наместо да застапува државни позиции тој носеше поздрави од Заев во Бугарија и го нарекуваше Бојко Борисов „љубави“, пратеникот Лефков.

СДСМ не им останаа должни, тие пак денеска ја нападнаа кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседателка на Македонија, Гордана Силјановска, во контекст на пензионерите.

Додека СДСМ ги покачува пензиите, ги почитува и се грижи за повозрасните граѓани, ДПМНЕ и Силјановска ги навредуваат пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу. Ваков однос кон пензионерите е несоодветен, непримерен и омаловажувачки, крајно неодговорен за политичар, пратеник или кандидат за претседател, рече пратеничката калевска – ванчева.

Со отворено писмо до јавноста денеска дури се обрати и партијата ДЕСНА со забелешки за изборниот законик и притосоци врз судството, во време додека нивнито лидер, Љупчо Палевски, се наоѓа во затвор во Турција чекајќи екстрадиција под обвинение за убоство на малолетната Вања Ѓорќевска и Панче Жежовски.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе