Вести Свет Топ вести

Украина да признае пораз, привремен парламент, реобединување – Медведев објави „руска формула за мир“ за крај на војната

Поранешниот руски претседател и премиер, сега заменик претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитри Медведев се огласи на Телеграм каде ја претстави т.н. „руска формула за мир“ која се состои од седум точки. Искоментира дека планот е „хуман за сите“ и претставува спротивност на т.н. „украинска формула за мир“ од аспект на цврстина на позициите за крај на војната.

Медведев најпрво ја обвини Украина дека воопшто не е подготвена за преговори за завршување на војната, по што ја претстави „руската формула за мир“ со седум точки

  • Украина треба да признае пораз во воена смисла. Целосно и безусловно предавање на Украина и нејзините неонацистички клики. Демилитаризација на Украина и забрана за формирање на паравоени сили на нејзина територија во иднина
  • Меѓународната заедница треба да препознае нацистички карактер на политичкиот режим во Киев и треба да спроведе присилна денацификација на сите државни тела под контрола на Обединетите Нации
  • Обединетите Нации треба да донесат Изјава за губењето на меѓународниот правен субјективитет на Украина и да и забранат пристапување во воени сојузи без дозвола на Русија
  • Оставка на сите уставни власти во Украина и спроведување на избори, веднаш по воспоставувањето на привремен парламент на самоуправни територии
  • Усвојување од привремениот парламент на закон за исплата на сите потребни отштети на Русија, вклучително и исплати на роднините на загинатите граѓани на нашата земја и исплати за нанесена штета врз здравјето на повредените
  • Официјално признавање од привремениот парламент дека украинската територија е впрочем територија на Руската Федерација и усвојување на акти за повторно обединување со Русија
  • Самораспуштање на привремениот парламент и признавање на чинот за повторно обединување од Обединетите Нации

Тој ја опиша „формулата“ како „мека руска варијанта“.

„Ова е компромисна позиција за сите, зарем не?“, праша Медведев, додавајќи дека врз основа на тоа може да се бара консензус од меѓународната заедница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе