Вести Свет Топ вести

Путин ги повика избирачите да ја одредат иднината на Русија  

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика граѓаните, вклучително и гласачите во анектираните делови на Украина, да се обединат во одредувањето на иднината на Русија со гласање на претседателските избори оваа недела, на кои, според анкетите, тој повторно ќе биде реизбран. Тој ја истакна сплотеноста и одлучноста на народот во заедничкиот стремеж да се оди напред. Путин, кој е на власт како претседател или премиер од 2000 година, се соочува со тројца противкандидати на изборите кои ќе траат три дена и ќе почнат во петок. Ниту еден од противкандидатите не го критикуваше и сите тројца ја поддржуваат т.н. „специјалната воена операција“ во Украина. Анкетите покажуваат дека Путин е поддржан од мнозинството Руси, а едно истражување минатиот месец покажа дека таа поддршка е 75 отсто.

Потребно е да ги потврдиме нашите единство и одлучност да одиме заедно нанапред. Секој ваш глас е вреден и значаен. Поради тоа, ве повикувам да си го искористите правото за глас во наредните три дена“, изјави шефот на Кремљ.

Руските претседателски избори се чекаат со нетрпение и на Крим каде што повеќето жители предвидуваат дека Путин ќе ја зацементира својата власт најмалку до 2030 година. Москва го стави овој полуостров под своја контрола пред една деценија. Неколку недели по анектирањето, сепаратистите поддржани од Москва почнаа бунт во источниот дел на Украина и се судрија со силите под команда на Киев.

 „Не го менувам мислењето за Путин иако животот се менува. Убеден сум дека тој е лидерот што знае како да ја води Русија само кон победи. Се развива нанапред и нагоре независно од придружбата, независно од тоа што го мислат за нас однадвор“, изјави Сергеј Горбачов од Крим.

Во меѓувреме, се случи уште еден ненадеен смртен случај во компанијата „Лукоил“ којашто се спротивстави на руската инвазија во Украина. Потпретседателот на енергетскиот гигант Витали Робертус беше пронајден мртов. Причината за смртта е непозната. Тој е четвртиот високопозициониран функционер на „Лукоил“ кој почина од почетокот на војната во Украина.

Маја Стојаноска – Филдишев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе