Филмови

ЧОВЕКОТ ШТО ЈА ПРОДАДЕ СВОЈАТА КОЖА – сабота, 09 март 2024 – 19:15

Сем Али е млад чувствителен и импулсивен Сириец, што ќе ја напушти својата земја и ќе премине во Либан за да избега од режимот. За да може да патува во Европа и да живее со љубовта на својот живот, тој го прифаќа ексцентричниот предлог на еден од најпознатите современи уметници во светот, да му го истетовира грбот и на тој начин да го претвори во престижно уметничко дело. Покрај добиената слобода и благосостојба, Сем сепак ќе сфати дека неговата одлука всушност може да значи сè освен слобода.

Во 2012 година туниската режисерка Каотер Бен Ханија во Лувр видела „живa“ слика  која ѝ оставила голем впечаток. Тим, поранешен сопственик на тату студио од Цирих бил изложен како човечко уметничко дело на белгискиот уметник Вим Делвој, кој во 2008 го исцртал неговиот грб. Ова „уметничко дело“ било продадено на германскиот колекционер за 150.000 евра, од што неговиот буквален носител добил една третина. Кога Тим ќе почине, неговата кожа ќе биде отстранета и сочувана како платно. До тогаш, како дел од договорот, Тим се согласува да биде изложуван во галерии три пати годишно. Оваа вистинска приказна која е инспирација за тунискиот филм.

Номиниран е за Оскар за најдобар меѓународен игран филм.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АВА – недела, 28 април 2024 – 22:15

Дејан Дејан

МОЈОТ ЖИВОТ БЕЗ МЕНЕ – сабота, 27 април 2024 – 22:15

Дејан Дејан

СЛУЧАЈНИ ЉУБОВНИЦИ – сабота, 27 април 2024 – 19:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе