Вести Свет Топ вести

(Видео) Убиени над 100 луѓе, повредени над 700 – Израелците пукаа кон толпа гладни Палестинци кои чекаа храна

Најмалку 104 лица се убиени, а 760 се повредени во момент кога израелски војници отворија оган додека гладни палестински цивили се собираа околу камиони со хуманитарна помош за да земат храна, соопшти министерството за здравство во Газа.

Цивилите се собираа околу пристигнатите камиони со хуманитарна помош, со надеж дека ќе добијат храна, кога израелски тенкови и беспилотни летала изведоа удари врз низ во западниот дел на градот Газа. Набрзо настана голема мешаница, а насобраните Палестинци извикуваа дека се случил масакр.

Израелско официјално лице за „Си-Ен-Ен“ рече дека единици на израелската војска пукале кон луѓе кои го опколуваа камион со хуманитарна помош , бидејќи „толпа се приближила на силите на начин кој претставувал закана за војниците кои на заканата одговориле со оган. Инцидентот се проверува“.

Камионите со хуманитарна помош се обидувале да побегнат од подрачјето, случајно удирајќи се едни во други и предизвикале натамошни повреди и смртни случаи“, додадоа очевици за „Си-ЕН-ЕН“.

Доктор Амџад Елеива од службата за итна помош на болницата Ал Шифа рече дека 40 загинати се префрлени во болницата. Доктор Хусам Абу Сафи од болницата Камал Адван рече дека примиле 10 убиени лица додека болницата Ал Авда потврди прием на уште тројца луѓе.

Се очекува дека бројот на загинати и на повредени ќе расте, бидејќи многу тела и луѓе сè уште се наоѓаат на улиците, а возилата на итната помош се обидуваат да стигнат до оние на кои им е потребна помош, бидејќи урнатините ги блокираат приодите.

„Рано утрово, при влез на камиони со хуманитарна помош во северниот дел на појасот Газа, жителите на Газа ги опколија и ги опљачкаа залихите кои се испорачуваа. За време на инцидентот се повредени десетици луѓе, како последица на туркање и газење“, наведуваат од израелските одбранбени сили за „Си-Ен-Ен“.

Високиот член на Хамас, Изет ал-Ришек предупреди дека убиствата на луѓе кои чекале помош во Газа, може да доведе до неуспех во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе