Вести Македонија Топ вести

Ванковска очекува денеска да заврши со собирање потписи

Кандидатката за претседател на престојните избори предложена од партијата Левица, проф. Билјана Ванковска, на својот Фејсбук профил напиша дека е блиску до потребната граѓанска поддршка за нејзината кандидатура. И требаат уште илјада потписи за кои се надева дека ќе ги собере во текот на денешниот ден. Со тоа ќе ја заокружи законски пропишаната обврска да приложи поддршка од 10 илјади граѓани кои се запишани во избирачкиот список.

Со успешното собирање на 10 илјади потписи кандидатурата станува официјална.

Следен на официјалната листа на ДИК по Ванковска е градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Претседателските кандидати имаат рок до oсми март да обезбедат доволно граѓански потписи. Во трката за собирање поддршка за претседателска кандидатура на овие избори се пријавија најголем број кандидати досега. Кандидатурата на Стево Пендаровски, пак, вчера беше поддржана од Извршниот одбор на СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе