Вести Македонија Топ вести

Гарантираната цена истекува на полноќ

Гарантираната цена истекува на полноќ- рафтовите во маркетите делумно полни. Млекото и млечните производи, јајцата и белиот леб час ги има час ги снемува. Натписот кој пет месеци стоеше до производите, а од утре ќе биде повлечен причина граѓаните да стравуваат од ново поскапување.

Кој ќе им застане на патот на трговците да ги вивнат во плафон цените на основната храна? Инспекторите први најавија дека излегуваат на терен во обид да го запрат предвреме енормното зголемување на цените на производите.

Додека граѓаните се во неизвесност со какви цени ќе се разбудат, сојузот на  стопански комори не очекува драстично зголемување. Од институтот за економски истражувања и политики пак велат мерката на замрзнување на цените повеќе влијаеше врз побогатите, кои повеќе заштедија од оние кои едвај имаат пари за основна храна.

Владата воопшто не стравува од ескалација на слободниот пазар. Фер трговијата ќе ја брани со законот, кој пак и по помпезните најави се уште е заглавен во Собранието.

Вицепремиерот Битиќи ги повика и Комисијата за заштита на конкурентноста и Здружението за заштита на потрошувачи да реагираат доколку забележат енормни поскапувања на производи. Министерството за економија пред неколку дена се изјасни дека мерките за гарантирана цена нема да продолжат. Гарантираните цени стапија на сила од 20-ти септември минатата година.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе