Вести Македонија

Соларни панели на покривите, употреба на електрични автомобили и автобуси – решенија за намалување на загадувањето на воздухот

Начинот на греење во главниот град е причина број еден поради која Скопје со години наназад е меѓу десетте најзагадени градови во Светот. Експерите сметаат дека за намалување на загаденоста е предвидено да има до 10.000 оџаци, но сепак во главната метропола има дури 70.000. Зголемениот број згради и возила се причини плус кои влијаат на квалитетот на воздухот. Ова го покажуваат резултатите од анализата „Чист воздух – основно човеково право или неостварливи обврски за општините во Македонија“. Авторот на анализата смета дека Владата треба да донесе нов национален план за чист воздух.

„Генералната обврска лежи во Владата на Македонија и секако на управните органи. Потребно е донесување на нов национален план за чист воздух кој не е донесен од 2018 година. Потребна е и реорганизација и зголемување на капациетите на оние кои се занимаваат со животната средина во самите општини бидејќи знаете дека немаме доволна екипираност. Тоа повлекува друго прашање дали имаме доволно финансии за да се оствари овој план. но, Најважно е подигнување на свесноста кај граѓаните“, изјави Никола Јовановски, Центар за правни истражувања и анализи.

Јовановски додаде дека подигнување на свесноста на граѓаните е особена важна бидејќи загадувањето е присутно и во останатите градови низ Македонија. Според дел од експертите, загадениот воздух е една од причините поради која многу луѓе си заминуваат од земјата.

Главниот заклучок на презентацијата беше дека со поставување на соларни панели на покривите, употреба на електрични возила и електрични автобуси ќе допринесат до намалување на загадувањето на воздухот, а со тоа и подобрување на здравјето, а особено врз дишните органи и кожните заболувања.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе