Вести Македонија Топ вести

Собранието ги прифати, синдикатите против пакетот закони за замрзнување на платите на функционерите

Без глас против, пратениците се согласија за нивните и платите на останатите функционери во државата да се одлучува во собраниските комисии. Предлогот на група пратеници влезе во процедура, а со шест интервенции во закони ќе треба да го замрзне усогласувањето со животниот стандард.

Ако предлозите го добијат мнозинството, министрите, судиите, обвинителите и други именувани и избрани функционери ќе загубат од 400 до 500 евра во своите лични примања. Иако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го поддржа првичниот предлог, надлежниот технички министер од нивните редови со реакција дека на овој начин се прави истата грешка од минатото со кои се замрзна растот на платите.

Сојузот на синдикати со критика за предлогот. Не само што не е фер, туку е лицимерие кон работниците. Растот со животниот стандард треба да се почитува. Функционерите или нека ги вратаат 78-те отсто, или истите нека ги дадат на работниците во спротивно протест на 1 мај.

Но, и да успее обидот во собранието да се замрзнат платите на повеќето функционери, владата дополнително ќе треба да носи одлука за своите именувани директори и ним да им се забрани зголемување на платите кое во зависност до институциите и платата варира од 300 до 500 евра. А, реакција стаса и од здружението на судии од каде што бараат да се повлечат овие измени, бидејќи сметаат дека се носат без јавна дебата и вклучување на засегнатите страни на кои се однесуваат измените.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Зеленски го пречека шефот на британската дипломатија Камерон во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе