Вести Македонија Топ вести

Извршниот одбор на СДСМ го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за Претседател на државата

На денешната седница во Штип, Извршниот одбор на СДСМ ја разгледа информација за спроведената постапка за можни кандидати за Претседател на државата за претседателските избори 2024 година. 

По сите анализи, разговори и спроведени истражувања на јавното мислење, Извршниот одбор во проширен состав го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за Претседател на државата и го предложи на Централниот одбор на партијата. 

„Пендаровски е победнички кандидат, близок со народот, ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата. Во досегашниот мандат Пендаровски го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата и покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани“, се вели во партиското соопштение.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе