Вести Македонија Најважни

ЕУ со јасна порака до Македонија – спроведувајте ги меѓународните договори, а останатото зависи од земјите-членки

Меѓународната заедница со јасна порака до Македонија – почитувајте ги меѓународните договори. Останатото не зависи од вас.

Министерството за надворешни работи (МНР) сѐ уште не ги расчистува дилемите за границите кои може да се преминат со стар пасош.

Во меѓувреме, од Делегацијата на ЕУ во Скопје порачуваат. Државите од Шенген-зоната самите одлучуваат како ќе се спроведува регулативата, велат оттаму за Медиумската информативна агенција.

„Важно е Северна Македонија да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучувајќи ги и заложбите за замена на патните исправи, содржани во Преспанскиот договор. Потсетуваме дека признавањето на патните исправи издадени од трети земји е во надлежност на секоја земја-членка одделно“, се вели во реакцијата од Делегација на Европската унија во Северна Македонија.

Владејачкото мнозинство во Собранието, на денешната седница не ги поддржа предложените законски измени за продолжување на важноста на патните исправи. Од вкупно 100 пратеници, 46 пратеници гласаа „за“, додека 54 беа „против“.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ предложија продолжување на важноста на пасошите до крајот на годината. Од ЛДП, пак, предложија дополнување на Законот за патните исправи, за патните исправи кои содржат печат на Република Северна Македонија, да важат до истекот на важноста на документот.

Собранискиот спикер Јован Митрески вчера порача дека меѓународните договори не може да се менуваат со закон.

Денес, пратеникот од опозицијата Драган Ковачки, реагираше дека власта со отфрлање на можноста за законски измени, свесно ги крши уставните права за слободно движење.

Претходно, владини претставници информираа дека нова пратка со обрасци се очекува во јуни. Тогаш ќе пристигнат 300.000 обрасци за пасоши и со тоа, до септември ќе бидат издадени околу 1.900.000 пасоши.

Министерот за внатрешни работи, Тошковски, посочи дека целта на МВР е да се стигне до максимална бројка од 3.300 произведени пасоши на ден – почнувајќи од 6 наутро, па до 22 часот навечер.

Во таа насока, од министерството за Телма известуваат дека до 26 февруари, вкупниот број на издадени патни исправи изнесува 1.374.270.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе