Вести Македонија Топ вести

„Фајнeнс тинк“: Кој најмногу искористи од владините антикризни мерки

„Досегашните три пакети мерки во вредност од над 1,4 милијарди евра со кои Владата се справуваше со енергетската и со ценовната криза во земјава, во одреден дел влијаеле позитивно врз доходот на домаќинствата, но на почетокот, кога повеќето од мерките беа нетаргетирани, најголема корист имале најбогатите“, покажува анализата на ефектите од мерките која што ја направи Институтот за економски истражувања и политики  „Фајненс тинк“.

Во најновиот извештај за политиките на прашањето „Дали владините мерки за справување со кризата со цените на храната и енергијата ги заштитија граѓаните?“, се препорачува што поскоро елиминирање на нетаргетираните антикризни мерки, најдоцна до крајот на оваа 2024 година.

Се наведува и дека откако ќе заврши замрзнувањето на цените на прехранбените производи, истото треба постепено да се замени со употреба на механизмите на антимонополското законодавство. Покрај тоа, се препорачува и потесно калибрирање на доходните мерки, особено во изборна година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе