Вести Македонија Топ вести

ЕСМ го смени планот за производство – се намалува ископот на јаглен, а се зголемува увозот

Државниот производител на струја ЕСМ го променил планот за производство, со што се предвидува намален ископ на јаглен, а зголемен увоз, по согледувањата за „реален ископ на јаглен од сопствените рудници“.

Телма објави дека ЕСМ за само еден месец го менува планот за 2024 година. Се предвидува зголемено производство на струја во термоцентралите, но во исто време се предвидува помал ископ, а поголеми набавки на јаглен од првично планираното.

„Првичниот план за производство на АД ЕСМ за 2024 година претрпе измени по согледувањата во РЕК Битола за реален ископ на јаглен од сопствените рудници. Од друга страна, со веќе потпишани договори, обврските на ЕСМ за испорака на електрична енергија останаа исти, односно АД ЕСМ и оваа година има зголемено производство на електрична енергија и затоа се јави и потреба за зголемување на количините за набавка на јаглен, кои пак во зависност од калоричната вредност и динамичкиот план за производство, се набавуваат со рамковни договори во зависност од потребите“, велат во ЕСМ.

Според планот од 13 ноември 2023 година, ЕСМ предвидува набавки на јаглен од 640 илјади тони, а со промените три пати повеќе, односно купување на 1 милион и 950 илјади тони. Според првичниот план, се предвидува ископ на 5 милиони тони јаглен во битолските рудници, а со промените 1 милион тони помалку, кои треба да се увезат.

На 13 февруари годинава беше затворен јавниот повик за набавка на скоро 600 илјади тони јаглен. Една битолска и две скопски фирми го поделиле колачот вреден 41 милион евра. Просечната постигната цена е околу 68 евра за тон.

Во тек е јавен повик за набавка на нови скоро 1 милион и 400 илјади тони јаглен. Според сегашните цени, би чинеле околу 95 милиони евра.

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе