Вести Македонија Топ вести

Бојмацалиев: Македонските граѓани ќе може да патуваат во БиХ со лични карти

„Босна и Херцеговина засега е единствената земја која писмено извести дека не дозволува движење – влез и излез од нејзината територијата, за македонските граѓани кои имаат валидни пасоши со старото уставно име на државата, но македонските граѓани ќе може да патуваа во оваа земја со личните карти“, вели дополнителниот заменик министер во техничката влада Митко Бојмацалиев.

Ваквата информација вели ја споделил откако утрово за ова разговарал со министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ.

Бојмацалиев на Фејсбук потсетува и дека граѓаните со лични карти со старото уставно име можат да патуваат во Србија, Албанија и Косово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе