Вести Македонија Топ вести

(видео)Стево Пендаровски: Многу од вредностите за кои се залагаше Борис Трајковски се доведени во прашање

Во Националната опера и балет вечерва се одржа комеморативен концерт по повод 20 години од смртта на вториот претседател на независна Македонија, Борис Трајковски. Под диригентство на Иван Еминовиќ настапија солисти, хорот и оркестарот на НОБ. На програмата беа фрагменти од Моцартовиот „ Реквием“, и од оперите „ Лидија од Македонија“, „ Кавалерија рустикана“ и „ Травијата“.

Осврнувајќи се на ликот и делото на Трајковски, актуелниот претседател Пендаровски кој му беше советник три години , кажа дека тој бил најмалку кабинетски претседател, зашто бил политичар посветен на граѓаните.

Денес кога европските интеграции се закочени, а реформите успорени, како резултат на кризата на вредности во која се наоѓа Македонија, вредностите за кои се залагаше Трајковски се доведени во прашање, потенцира Пендаровски.

Тој додаде дека Трајковски верувал во македонските граѓани , заедно да го направат она што историјата и иднината го бараат од нас.

  • За жал, 20 години подоцна , ние се наоѓаме во нова, длабока криза, која не е воена, туку вредносна. Многу од вредностите за кои се залагаше Трајковски се доведени во прашање. Многу шанси беа пропуштени и многу време беше изгубено. Европските интеграции се заглавени, а реформите успорени. Имаме партизација на институциите , етнизација на политиката и поделби по речиси секоја основа- граѓанска, етничка, политичка , генерациска. Раширената корупција ја обезвреднува правдата, го парализира системот, го шири цинизмот, им ја одзема перспективата на младите и ја празни државата. Драги пријатели, многу пати се прашувам што Борис би рекол за сето ова и како тој би постапил во овие услови? И постојано се навраќам на неговата верба во македонските граѓани кога велеше„ сите заедно ќе го направиме она што историјата , но уште повеќе иднината , го бараат од нас“, истакна Стево Пендаровски- претседател на РСМ.

За Вестите на Телма во 21.30 се јави Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе