Вести Македонија

Спасовски во „Топ тема“: Документи со старите обрасци се издавани до 5 јули во 2021 година, потоа не се издаваат

Тоа што моето име и потпис стојат на сите документи за обрасци и правилници е затоа што сум бил министер во тоа време, рече поранешниот министер за внатрешни работи (МВР), Оливер Спасовски, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„И тоа е најмалку спорно. Било кој да бил министер во тоа време, ќе морал да ги спроведува сите тие постапки кои се однесуваат во делот на почитување на уставот и на законските одредби кои што ги имаме. Инаку, можностите се создадени и до 1 јули во 2021 година со издавањето на новите документи кои што се усогласени со спогодбата од Преспанскиот договор, со уставот и со законот“, рече Спасовски.

Тој рече дека по 1 јули во 2021 година не се издавале документи со стари обрасци.

„До 1 јули, односно 5, како е денот, се издавани документи. Не можете да очекувате дека спогодбата стапува на сила на 12 февруари во 2019 година и од 13 февруари некој ќе може да издаде нов документи, патен, личен, итн. со новото уставно име. Прво, треба да се изврши набавка на софтверско и хардверско решение кое што ќе ги вклопи новото уставно име и законот за јазиците. Врз основа на тоа да се изврши таа набавка, да се имплементира во системот на персонализација, да се набават новите обрасци, тие да пристигнат и врз основа на тоа да се изменат законските решенија и од моментот кога ќе стапат на сила, да се издавааат патни исправи со новото уставно име“, објасни Спасовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Правда сè уште чека официјално известување за уапсената кондовска група на Красниќи

Дејан Дејан

Тројца повредени, едно лице се бори за живот, преполовен Шевролет – страотна сообраќајка во Влае

Дејан Дејан

Дијаспората гласа за претседател

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе