Вести Економија

Антикорупциска уште пред 4 години предупредила дека Законот за стратешки инвестиции носи ризици за корупција

Уште во 2020 година, кога Законот за стратешки инвестиции бил објавен во службен весник, Антикорупциската комисија имала низа забелешки.

Тие констатирале дека со одредбите во законот со кои се уредува транспарентноста и постапката за стекнување на статус со стратешки инвестициски проект, може да продуцираат ризици од корупција.

ДКСК сметала дека со одредбите недоволно е уреден начинот на учествување  на стручната и пошироката јавност во изборот на инвестицискиот проект.

Ваквата правна празнина со законското недефинирање на начинот на спроведување на транспарентноста и учеството на јавноста во комбинација со дискреционото овластување на Владата таа да го уреди практично остварување на истото преставува потенцијален ризик на корупција, велат од ДКСК.

Aнтикорупционерите имале забелешки и за отсуството на законска обврска за објавувањето на целокупната документација за добивањето на статус на стратешки инвестициски проект на интернет страницата на Владата, а немањето на дефинирани процедури и услови за избор на членови на оперативна група за секој стратешки проект е ризик за избор на несоодветни членови, но и фаворизирање на определени лица, пишува во извештајот.

За забелешките на антикорупционерите, но и за мислењето на Комисијата за заштита на конкуренцијата за Митилинеос во кое имаат најмногу барања за државната помош која треба да му се даде на овој инвеститор, вицепремиерот Битиќи во вчерашната Топ Тема одговори.

Инаку, и останатите стратешки инвеститори во земјава кои треба да градат централи во земјава се со низа поволности до кои тешко доаѓаат домашните бизнисмени, но од Владата тврдат дека тие ќе помогнат во енергетиката. Но најмногу реакции во јавноста има токму за Митилинеос.

И министерот за економија се изјасни дека ќе бара повлекување на предлог законот за овој инвеститор.

На владината седница во вторникот разговорите околу тоа започнале, но на следната ќе продолжат и ќе се одлучува што ќе се случува со овој предлог закон за кој Битиќи смета дека  во него нема ништо спорно и не треба да се повлече од собрание.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус ширум светот

Дејан Дејан

Македонците и Турците од с. Радање бараат да се почитуваат законите

Дејан Дејан

Струмичко Трибичино за прв пат нема гласачко место, 8-те запишани гласачи гласаат во соседно Едрениково

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе