Вести Македонија Топ вести

Туфегџиќ во Топ Тема: Обвинителството мора да отвори предистражна постапка по допрен глас

На прашањето на Топ Тема дека кога судот ќе одземе патна исправа тоа се нарекува мерки на претпазливост кој е сега правниот термин со кој би се опишала состојбата во која се наоѓаат граѓаните сега, професорот Прешова рече дека тоа е кривично правен термин, а слободата на движење е неприкосновено право.

„Паралелата е сосема на место од аспект на последицата. Неспорно е дека имаме сериозен проблем за почитување на човековите права“, рече Денис Прешова, универзитетскиот професор.

Адвокатот Туфегџиќ го отвори и прашањето околу изречените судски забрани, односно колку ќе произведуваат правно дејство бидејќи одземени патни исправи веќе не важат, има луѓе на кои им е одземена стара патна исправа. Кога сме кај судските одлуки ова отвора многу прашања.

„Треба да се вратиме назад неколку години за да дојдеме до причината на ова што денеска ни се случува. Ниту еден граѓанин нема воопшто да размислува за правна постапка туку вниманието му е насочено како да обезбеди документи. За оваа ситуација мора да се обезбеди постапка и Јавното обвинителство е вистинското место за тоа. Обвинителството мора да отвори предистражна постапка по допрен глас“, истакна Владимир Туфегџиќ, адвокат.

Тој вели дека Обвинителството треба да утврди дали од јули 2021 година биле издавани документи, дали е донесен некаков си план во траење од 2020 до 2023 за да не дојде до сето ова и доколку имало такво нешто дали органот на управа навремено реагирал дека имал пречки и дали за тоа ја известил владата. За тоа мора да има пишана трага и пишана форма, вели Туфегџиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе