Вести Македонија Топ вести

Скопје утре попладне без вода

Скопски „Водовод“ преку објава на ФБ профилот информираше дека поради интервенција утре попладне во речиси цело Скопје нема да има редовно снабдување со вода.

-Утре од 17 часот ќе се врши интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче. Поради тоа, намален притисок или прекин на водоснабдувањето ќе има во најголемиот дел од главниот град, соопштија од Водовод.

Без вода ќе остане и Клинички центар, а прекинот во водоснабдувањето ќе го почувствуваат и жителите на Аеродром, Центар, Карпош, Арнакија, Сарај, Чаир, Кисела Вода, Глумово, Горна Матка, Долна Матка, Ѓорче Петров, Влае, Жданец, Нерези, Усје, Пинтија, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране, дел од Гази Баба, Скопје Север, Топанско Поле и Автокоманда.

Не е објавено колку ќе трае прекинот во редовното водоснабдување. Станува збор за завршна интервенција во санирањето на големата водоводна цевка од која се снабдува главниот град. Интервенцијата трае веќе две недели.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Зеленски го пречека шефот на британската дипломатија Камерон во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе