Вести Македонија

ОБНОВЕНО: Дали Скопје ќе остане без вода: Одбројување без точни информации за прекинот откако “Водовод” го повлече ФБ соопштението. Потоа стигна мејл пред полноќ

Водовод прво на Фејсбук најави, но, потоа го избриша известувањето дека цело Скопје утре ќе биде без вода.

Првичното соопштение беше дека утре (недела 11.02.2024.) во 17 часот поради интервенција на главната цевка од Рашче кон Скопје ќе има прекин на водоснабдувањето или намален притисок.

Надлежните не одговараа на повиците за повеќе детали околу прекинот на водата. На ФБ беа наведени голем број на населби кои треба да останат без вода, а на листата беше о Клиничкиот центар каде има голем број пациенти и планирани оперативни зафати.

На листата беа Аеродром, Центар, Карпош, Арнакија, Сарај, Чаир, Кисела Вода, Глумово, Горна Матка, Долна Матка, Ѓорче Петров, Влае, Жданец, Нерези, Усје, Пинтија, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране, дел од Гази Баба, Скопје Север, Топанско Поле и Автокоманда.

Според сознанијата на Телма, станува збор за завршна интервенција во санирањето на големата водоводна цевка од која се снабдува главниот град. Интервенцијата трае веќе две недели.

Но, откако “Водовод” не достави повеќе информации, постот на компанискиот ФБ профил исчезна. Нема никакво известување на веб сајтот на Водовод.

Последна вест:

Претполноќно соопштение на Водовод за утрешниот “прекин” во водоснабдување

На жителите на главниот град им преостанува да одбројуваат до 17 часот утре за да видат што ќе се случи или пак во меѓувреме Водовод официјално и соодветно ќе извести дали ќе има или ќе нема интервенција и прекин во водоснабдувањето.

(Фотографија од избришаниот ФБ пост со најава за прекинот на водоснабдување)

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе