Вести Македонија Топ вести

Од воспитувачки и негувателки до хигиеничари и кувари – штипските градинки кубурат со стручен и технички персонал

Во штипските градинки недостасува и стручен и технички персонал. Од Општината велат дека во двете детски градинки и во нивните девет клонови недостасуваат околу 50 воспитувачки и негувателки. Според анализите на Секторот за образование во Општина Штип, најзагрижувачки е во градинката „Астибо“, каде што не се пополнети 35 работни места за овој стручен кадар, додека во градинката „Вера Циривири-Трена“ има потреба од 12 стручни лица.

Во градинките не се пополнуваат и местата за хигиеничари и кувари, а за стручниот кадар, односно воспитувачки и негователки проблемот е и во тоа што не можат да добијат лиценци.

За проблемот со недостатокот на кадар во детските градинки неколкупати алармираше општината, а слична е состојбата и во други градови на истокот.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе