Вести Македонија Топ вести

Љупчо Коцевски за нов државен обвинител, професорката Ана Павловска Данева за уставна судијка во среда во Собрание

Именувањето на државен обвинител и изборот на уставен судија се меѓу 33-те точки на дневен ред на првата седница на Собранието по изборот на техничката влада закажана за среда (7 февруари). Предлогот Љупчо Коцевски да го наследи Љубомир Јовески е 8 точка. За да биде избран. потребни се 61 глас „за“.

Коцевски ја бара поддршката од пратениците со програма во која меѓу приоритетите и планираните активности навел решителна борба против криминалот, финансиска самостојност, конфискација на имот, зајакнување на капацитетите за финансиски истраги, дигитализацијата и транспарентност. Навел дека ќе се залага јавните обвинители да комуницираат со јавноста за предметите на кои работат.

„Секогаш и секаде во заштита на самостојноста и независноста на Јавното обвинителство, гарантирајќи ја непристрасноста и независноста на јавните обвинители во одлучувањето, стимулирајќи ја професионалноста, етичноста и одговорноста на јавните овинители и јавнообвинителските службеници, ќе се заложам за бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, која ќе биде длабоко втемелена на сите овие начела“, стои во дел од програмата на Љупчо Коцевски.

Меѓу приоритетите е напишано и зголемувањето и ефикасноста на обвинителствата. Преку ефикасни истражни центри да се скратат предистражните постапки и за брзо време да се излезе на суд со прибраните докази.

Коцевски од 1995 година е адвокат, а во 2008 година беше избран во вишото обвинителство во Гостивар. Пред две години е унапреден во републичкото обвинителство.

Тој беше меѓу тројцата пријавени кандидати за шеф на обвинителството и единствен кој го мина филтерот на Советот на јавни обвинители. Обвинителката Лидија Раичевиќ доби негативно мисење од Советот, а Фатиме Фетаи отпадна пореди некомплетна документација.

Дали ќе се избере државен обвинител пред изборите и дали тоа ќе се прави со консензус се само дел од прашањата што се наметнуваат во пресрет на собраниската расправа. Доколку не добие поддршка, Коцевски летово се пензионира. Во меѓувреме на чело на обвинителството е Соња Симовска како вршителка на должност.

По точката за обвинителот е изборот на професорката Ана Павловска Данева за уставна судијка. За разлика од именувње обвинител, кое оди директно на седница како предлог на Владата, расправата за уставен судија веќе помина во комисијата за избори и именувања со седум гласа „за“ и три „против“ на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Професорката го пополнува последното празно место во Уставен, а беше предложена откако пред две неделеи СДСМ го повлече предлогот за Љубомир Јовески предложен пред речиси две години.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе