Вести Македонија Топ вести

Ја повредил ногата при симнување – спасен повреден планиран на Шара

Повреден планинар денеска бeше спасен од падините на Шар Планина. Спасувачки тим со „ратрак“ го презел од местото каде што се наоѓал и го спуштил до скијачкиот центар каде што му е укажана медицинска помош, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Околу 14 часот на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиен повик за повреден планинар во повисоките делови на Шар Планина кај превојот меѓу Титов Врв и Бакардан.

„Планинарот се повредил кога се симнувал со својот другар по источната страна кон месноста „Мал Турчин“. Двајцата биле последни во групата со која што оделе. Заостанале малку и најверојатно, брзајќи за да ги стигнат колегите, едниот од нив се лизнал и ја повредил ногата“, наведуваат од ЦУК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе