Вести Македонија Топ вести

Алијанса на Албанците не е партија на потписи – Села со одговор на постот на Таравари на ФБ дека собира потписи за поддршка

Алијансата на Албанците не е партија на потписи, одговори Зијадин Села, поранешен претседател на партијата, на прашањето што значат потписите што ги собира лидерот Арбен Таравари за поддршка.

„Собира потписи? – Значи само кажува за уште длабоко кршење на Статут на партијата. Нема такво право, како прво. Злоупотреба на позицијата која ја има“, рече Села.

За потписите додаде дека не се вистинити.

„Потписи? – Не се вистинити. Тоа е голема лага. Само да се вметне несигурност и недоверба меѓу луѓе кои делат ист идеал и кои затпа се групирани во оваа политичка партија. Алијансата на Албанците не е партија на потписи. Статутот на партијата вели може да се собираат потписи за да се свика Централно Претседателство. Ама за тоа нема потреба, бидејќи јас сум тука и молам цели два месеца да дојдеме на правиот пат кој треба да донесе до свокување на Централното Претседателство“, нагласи Села.

Претседателот на Алијанса на Фејсбук објави дека по вчерашниот пост на социјалната платформа станал сведок на чудото на еден народ, дека добил стотици пораки со честитики. Тој го цитира и Мартин Лутер Кинг помладиот кој би рекол дека „на планината на очајот има карпа на надежта“.

Таравари пишува дека како никогаш досега во неговиот политички живот не видел толку луѓе кои сакаат промени! Тој е на чело на Алијанса на Албанците од септември во 2022 година. Во последниот негов пост објави дека ја добил поддршката од мнозинството пратеници на Алијанса, дека доброволно биле собрани 80 потписи на пратеници од вкупно 133 во партиското Собрание, додека процесот на собирање потписи продолжува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе