Вести Свет Топ вести

Украина можеби ќе успее да ги врати Доњецк и Луганск, но не и Крим – став на полскиот претседател Дуда

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда изјави дека верува оти Украина во војната со Русија ќе успее да ги врати своите територии Доњецк и Луганск, но не е убеден оти ќе успее и со Крим, кој го означи како историски руска територија, бидејќи со него Русија владеела подолго отколку Украина.

„Не знам дали ќе успеат да го вратат Крим. Крим е посебен и од историска гледна точка, бидејќи во суштина, ако ја погледнеме историјата, тој долго време и припаѓаше на Русија“, рече полскиот претседател во интервју за Канал Зеро на Јутуб.

Полскиот претседател оцени дека Русија и натаму ќе напаѓа доколку почувствува слабост, но дека не верува оти би се решила да нападне земја која е членка на НАТО, пренесува Бета.

„По две години војна, рускиот потенцијал е исцрпен. Путин е во шок што војската на Украина му се спротивстави. Денес Русија се обидува да победи во Украина. Ако ги задржи украинските територии, голема е веројатноста дека ќе има и нови напади. Верувам дека Украина ќе успее да ги врати Доњецк и Луганск“, изјави Дуда.

За разлика од стравувањата во Европа дека доколку Доналд Трамп биде избран за претседател во САД, тој би можел да се договори со рускиот претседател Владимир Путин зад грбот на Украина и Европа, претседателот Дуда не верува во тоа бидејќи, како што вели, Трамп ги има истите империјални аспирации како рускиот претседател.

„Го запознав претседателот Трамп. Тој е посебен човек, би рекол жесток борец и се сомневам дека Путин и неговите империјални аспирации би биле лесни со него, бидејќи и тој има империјални аспирации и верува дека Америка мора да биде империја“, изјави Дуда.

Спомнувањето на Крим како историски руска територија во контекст на актуелната војна во Украина и враќањето на териториите, предизвика жестоки осуди на социјалните мрежи, главно дека тоа е срамна констатација која не смее да си ја дозволи шеф на држава, особено не на Полска.

„Ако времето во кое територијата била под некоја држава е пресудно за припадност на државата, го потсетувам господинот Дуда дека во нашата земја има места кои им припаѓале на други држави подолго отколку на Полска“, напиша на платформата Х, Роман Ѓертич од владејачката полска Граѓанска коалиција.

„Срамно. Денес А. Дуда вели дека за Крим не се знае затоа што најдолго и припаѓал на Русија. Во август 2022 година рече дека Крим е Украина, исто како што Гдањск е дел од Полска, порача лидерот на радикалната националистичката опозициска Конфедерација, Кшиштоф Босак.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рафа на раб на здравствена катастрофа, раселените соочуваат со недостаток на санитарни услови и пристап до чиста вода

Дејан Дејан

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе