Вести Македонија Топ вести

Таравари објави коалиција со албанскиот опозициски Европски сојуз за промени, Села негира

Поделени мислења, раскол и отворена војна меѓу членовите на раководството во Алијанса за Албанците околу тоа како партијата ќе настапи на претстојните избори. Фејсбук е мегданот каде претседателот на Алијанса, Таравари со претседателот на партиското собрание и негов претходник Села ги вкрстија копјата.

Таравари ја повика партијата да го поддржи да ги направат промените во Македонија заедно со албанскиот опозициски Европски сојуз за промени.

„Како претседавач на Алијансата за Албанците, јавно го поканувам партиското Собрание да ме поддржи и заедно да го поздравиме овој процес што го нарекувам Голема и долгоочекувана промена! Непоколебливо верувајќи во моите сопартијци и во нашата заедничка визија, ја барам нивната доверба дека Алијансата за Албанците ќе влезе во изборната трка со албанската опозиција и заедно понатаму ќе го направиме најдоброто за оваа земја!“, пишува Таравари.

И додека дел од пратениците на Алијанса почнаа да ја споделуваат објавата на Таравари, министерот за правда Кренер Лога како генерален секретар на партијата на Фејсбук објави дека партиските тела веќе изгласале сами да одат на претстојните парламентарни избори.

„Го повикувам Собранието да се придржува до едногласниот предлог на Претседателството, а тоа е АА да излезе сама на парламентарни избори“, напиша Лога на Фејсбук.

Од позиција на претседател на Централното собрание на Алијансата за Албанците, предходникот на Таравари, Зијадин Села побрза да демантира дека постои понуда за коалиција со некоја партија.

„Не сум информиран за никаква понуда за коалиција со друга политичка партија. Од средбите што неодамна ги остварив со шефовите на ограноците и другите партиски структури, исто така, информиран сум дека никој од нив не знае за писмена понуда врз основа на што треба да се одлучи“, напиша Села на Фејсбук.

Но, изгледа најдобро информиран за случувањата е лидерот на Демократското движење Изет Меџити, кој на социјалните мрежи, објавувајќи ја фотографијата од средбата со косовскиот премиер Курти на која присуствуваше и Таравари, кратко напиша: „Духот на единството ќе ја донесе долгоочекуваната победа“.

Дали Села се сретнал вчера со Ахмети, што му ветиле од Европскиот сојуз за промени на Таравари, одговори бараат членовите на Алијанса за Албанците за кои Фејсбук не место за информирање..

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе