Вести Македонија

Муцунски: МВР по неколкумесечни тензии денеска кажа дека личните карти и возачките ќе важат во внатрешниот промет по 12 февруари

Министерството за внатрешни работи (МВР), по неколкумесечна тензија што се создава во процесот за менување на личните документи со новото уставно име на државата, денеска кажа дека личните карти и возачките дозволи за внатрешен промет ќе важат, истакна Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градиначалник на Општина Аеродром, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма, во контекст на промената на личните документи на граѓаните, мешаниците на шалтерите за нивно подигнување.

„Се поставува прашањето колку во последните месеци МВР имало приход од граѓани кои што предвремено ги менувале тие документи и зошто дозволило да се создаде ваков хаос во системот. Има отворена неодговорност кон граѓаните. Огромен дел од возачките дозволи и личните карти се заменети, иако немало потреба да се направи тоа. Но, сега одлучија од МВР да ги информираат граѓаните дека немало потреба да се право вакво нешто во овој момент, освен ако не се истечени. Голем дел од граѓаните, сепак, ги менуваа, бидејќи сметаа дека доаѓаат рокови во кои што сето тоа треба да се реализира“, изјави Муцунски.

Според него, доколку сакала, можела да најде начин да го реши проблемот.

„Прво, технички да се најде решение, бидејќи ова е истата влада, истите луѓе, голем дел од нив на истите позиции кога се носеле и уставните закони и овие законски измени кои ја создадоа оваа состојба. И знаеле каков логистички предизвик ќе биде сето тоа, односно кои се капацитетите во рамки на МВР за период од пет години за да се реализира сето тоа. Првиот показател е дека нема стратешко планирање во институциите и кога се доаѓа до цајтнот, граѓаните се виновни, не биле одговорни, не знаеле да постапат на време и се создава дополнителна криза“, вели Муцунски и во тој контекст додава дека владата сама создава кризи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе