Вести Свет Топ вести

Најмалку едно лице загина, а неколку се повредени во воздушен напад врз болницата во Кан Јунис

Силна експлозија доцна синоќа ја погоди болницата за деца и породилиште што е дел од медицинскиот комплекс „Насер“ во градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа, при што загина едно дете, а неколку други се повредени.

Снимките покажуваат чад кој излегува од внатрешноста на некои од болничките соби, дупка на таванот и ѕид со крвави траги во близина на детските креветчиња и креветчињата на третиот кат од медицинскиот центар.

Дел од цивилното население доцна во ноќта се обидуваше да ги спасат повредените деца, додека жените кои помагаа во спасувањето се обидоа да побегнат од областа.

Израел продолжува да ги напаѓа позициите во Кан Јунис, откако Палестинците од северна Газа побегнаа таму во првите недели од конфликтот. Во израелската офанзива загинаа повеќе од 18.700 Палестинци, се вели во последното соопштение на Министерството за здравство на територијата управувана од Хамас во последното ажурирање на бројот на жртви.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе