Вести Свет

ЕУ загрижана за тоа каде се наоѓа противникот на Кремљ, Алексеј Навални, пред три дена е однесен на непозната дестинација

Генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, денеска ја изрази својата загриженост „за ситуацијата и неизвесноста околу тоа каде се наоѓа“ рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

  • Противникот на официјален Кремљ, еден од најпознатите руски опозиционери, Алексеј Навални, е однесен од затвор на непозната дестинација, објавија неговите приврзаници пред три дена, додавајќи дека тоа може да значи дека е префрлен во затвор со уште построги Услови. Изразувам сериозна загриженост за ситуацијата и неизвесноста околу тоа каде се наоѓа Алексеј Навални. Повикувам на негово итно ослободување, во согласност со релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, кои Русија е обврзана да ги спроведе безусловно, напиша Пејчиновиќ Буриќ на „Х“.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиќ, претходно изјави дека судот го известил адвокатот дека Навални ја напуштил областа каде што дотогаш бил во затвор, дека трансферот бил објавен на 11 декември и дека не знаат точно каде е сега Навални.

Семејството на Навални не е во контакт со него од 6-ти декември.

Според руските медиуми, судот што ја разгледал жалбата на Навални против управата на затворот во Владимирската област во петокот објавил дека Навални „го напуштил тој затвор“ во согласност со пресудата на Московскиот општински суд од 4-ти август 2023 година, која стапи во сила.

Со таа пресуда, Навални е осуден на 19 години затвор за „екстремизам“, а таа казна мора да ја одлежи во затворска колонија „специјален режим“, односно во категоријата институции со најстроги затворски услови и кои вообичаено се наменети за најопасни затвореници или осудени на доживотен затвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе