Вести Македонија Топ вести

Струмичкиот воздух ги урива црните рекорди, но во светот не го мерат, па така Скопје е 4-тиот најзагаден град

Маглата и загадениот воздух се споија во едно, а граѓаните на Скопје се разбудија во загаден град. Скопје утринава повторно се најде во лошото друштво, а според јавно достапните информации главниот град во 11 часот беше на четврто место помеѓу големите градови од светот според аерозагадувањето. Лисиче, Гази Баба, Центар и Карпош општини со високо ниво на пм10 честички, додека Струмица се најде на листата најзагден град во Македонија.  Повеќе од осум години институциите ветуваат но не мрдаат со прст за решавање на овој проблем вели активистот Горјан Јовановски и упати апел до граѓаните да бидат погласни во барањата за решавање со загадениот воздух.

  • Последниот извештај којшто го имаме добиено е дека 5600 луѓе го имаат загубено својот живот во 2021 година од аерозагадувањето, таа бројка е зголемена за 4000 претходната година. Значи не се подобрува ситуацијата, се влошува ситуацијата. Луѓе се иселуваат од државата бидејќи не сакаат да основаат семејство во ваква загадена средина, не би сакал ни јас. Немаме никакво делување од институциите, немаме никакво помрднување од тоа статус кво  од нивна страна еве и во градот Скопје каде што ние како Зелен хуман град имаме поднесено голем број на мерки коишто треба да бидат преземени а не се преземаат од страна на институциите“ вели Горјан Јовановски Зелен хуман град.

Мониторинг за неконтролираната индустрија, субвенции за инверти клими и фотоволтаици на граѓаните како и забрана за увезување на стари и забранети возила, се дел од решенијата за намалување на аерозагадувањето, додава Јовановски.

  • Ако не ги преземеме овие мерки, а не ги преземаме морам да бидам искрен со себе не сме ги преземале овие мерки последните осум години кој што јас зборам немам спас. Ова е активна тема која што не треба да ја збориме исклучиво само кога стана загаден воздухот, туку дека е проблем низ целата година на кој што не можеме да се спремаме само кога ќе дојде моментот дека еве сега интересно да добијам некој политички поен. Не ова е проблем низ целата година којшто мораме да го решаваме низ целата година и да прекинеме да се вадиме на изговори дека ова не се решавало преку ноќ. Цело време го збориме еве осум години поминаа колку ноќи се тоа па не го решивме проблемот“, вели Јовановски.

Граѓанските активисти од О2 Иницијатива реагираа на одлуката на власта за кратење на средствата за заштита од загадувањето за наредната година и побараа ставање на сите ресурси за решавање на проблемот со аерозагадувањето.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе