Вести Македонија

Само една третина од потребните вработувања ќе се реализираат во штипската болница

За една година се пополнети  една третина од испразнети места во штипската Клиничка болница. Во тек е нов оглас за вработување на 15 лекари, болничари  хигиеничари и три лица технички персонал.

Ова е втор оглас, со што во оваа болница за една година ќе се вработат вкупно 34 лекари, медицински сестри, болничари, хигиеничари и технички персонал. Но, за регионалниот болнички центар на истокот и понатаму проблем е недостатокот од вработени, на почетокот на годината имаше над 100 испразнети работни места.

Во штипската Клиничка болница медицински сестри и помошен технички персонал недостасуваат на сите одделенија, а  лекарски кадар на одделенијата за анестезиологија, ортопедија и очно. Вработените и пациентите се уште се лекуваат во стариот објект на болницата.

Новата болница се гради речиси осум години, во јули годинава беше раскинат договорот со грчката фирма, а ресорниот министер деновиве најави дека нова тендерска постапка за доградба на оваа болница ќе се распише до Нова година или почетокот на наредната.

Според идејниот проект болницата е со површина од 34. 000 м2, на пет каскадно поврзани нивоа. За градежните работи и ентериерно уредување со целата потребна медицинска опрема планирана беше инвестиција од 46 милиони евра.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски го потпиша законот за мобилизација – затвореници ќе можат да заминат на фронт

Дејан Дејан

Унгарија стави вето на резолуцијата на советот на европа за Украина

Дејан Дејан

Кандидат за градоначалник во Мексико убиен во пукање на предизборен митинг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе